Литургија во с.Пантелеј
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 09 Август 2021
- Посети: 942
Литургија во с.Пантелеј
На 09.08.2021 год. кога го чествуваме споменот на Св. Вмч. Пантелејмон; Св. Климент Охридски и Св. Седмочисленици, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници од Брегалничката епархија,
отслужи Света Архиерејска Литургија во манастирот посветен на Светиот Великомаченик Пантелејмон во с. Пантелеј - кочанско. По завршувањето на Светата Литургија Митрополитот го пресече и благослови празничниот леб.