Литургија во Кочани

image

Св. вмч. Георгиј; преп. Алимпиј Столпник - во Кочани

На 09.12.2021 год. кога го чествуваме споменот на Св. Вмч. Георгиј; преп. Алимпиј Столпник,  Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Епископот Стобиски г. Јаков и свештеници од Брегалничката епархија, отслужија Света Архиерејска Литургија во храмот посветен на Светиот Великомаченик Георгиј во Кочани. На крајот од Светата Литургија,

Епископот Стобиски г. Јаков одржа содржајна беседа, а Митрополитот Повардарски г. Агатангел го пресече и благослови празничниот леб.