Велики Четврток - Читање на Дванаесетте страдални Евангелија

image

Велики Четврток - Читање на Дванаесетте Страдални Евангелија во Штип

На 21.04.2022 година Велики Четврток, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи утрена богослужба во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, на која богослужба беа прочитани дванаесетте страдални евангелија. По петтото евангелие Митрополитот Брегалнички г. Иларион го изнесе светото Распјетие

пред кое верниот народ се поклони.