Велики Петок - Царски часови и Вечерна Богослужба
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 22 Април 2022
- Посети: 466
Велики Петок - Царски часови и Вечерна Богослужба во Штип
На 22.04.2022 година Велики Петок, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Царски часови и Вечерна богослужба во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, на која богослужба Го симна Телото на Господ Исус Христос од светиот Крст и ја изнесе светата Плаштаница и ја постави во гробот.
Потоа верниот народ пристапи на поклонение.