Празнична Вечерна во Темишвар - Романија
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 02 Јуни 2022
- Посети: 610
Празнична Вечерна во Темишвар - Романија
На 02.06.2022 година, во навечерието на празникот на Светите рамноапостоли цар Константин и царица Елена, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, на покана од Епископот Будимски и администратор Темишварски г. Лукијан, Архиереј на Српската Православна Црква, сослужуваше на Празничната Вечерна Богослужба, со Епископот г. Лукијан и свештенослужители на Српската Православна Црква, во Соборниот храм во Темишвар, Романија, посветен на „Христовото Вознесение“.
На крајот од Вечерната, Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб.