Преосветување на црква во с. Град – делчевско

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/grad//

На 19. 09. 2010 година, 17 – та Недела по Педесетница, чудата на св. арх. Михаил, св. мч. Созонт, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од делчевското и кочанското архиерејско намесништво, ја преосвети црквата посветена на Светиот маченик Георгиј во село Град – делчевско и отслужи света архиерејска литургија. На крајот од светата литургија, Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа повикувајќи ги луѓето на меѓусебна Христова љубов и им го честита преосветувањето на верниците од село Град.