Вечерна на празникот Раѓање на Пресв. Богородица во манастирот во Ѓуриште

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/guriste//

На 20. 09. 2010 година во манастирот кој е посветен на Раѓањето на Пресвета Богородица – Мала Богородица во Ѓуриште – Свети Николе, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи празнична вечерна богослужба и одржа пригодна беседа. Манастирот беше посетен од многуилјаден народ како и од Пратеникот во Собранието на Р. Македонија г. Влатко Ѓорчев и Градоначалникот на Општина Свети Николе г. Роберт Ѓорѓиев.

После вечерната служба беше организирана трпеза на љубовта за сите присутни верници донација од Месната индустрија МИК од Свети Николе.