Храмова слава на манастирот на Пониква - Кочани

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/ponik//

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на празникот Обрезание Господово, Св. Василиј Велики и Нова Година, на 14. 01. 2011 година, на Осоговските планини, во месноста Пониква, во манастирот посветен на Св. Василиј Велики, во присуство на Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски, донаторите и многубројниот православен народ, а во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, отслужи Света Архиерејска Литургија.

На Светата Литургија Мирополитот г. Иларион одржа пригодна празнична беседа го благослови почетокот на Новата Година и го благослови и пресече празничниот леб во чест на Св. Василиј Велики.