Богојавление во Брегалничката епархија

image

На 19. 01. 2011 година, денот на Крштевањето на Господ Исус Христос – Богојавление – Водици, во сите храмови во Брегалничката епархија беше свечено одбележан а централната прослава се одржа во Соборниот храм Св. Николај во Штип, каде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници при Соборниот храм, отслужи Света Архиерејска Литургија . На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодно слово, а потоа со свештениците и многубројниот православен народ, како и Градоначалникот на Општина Штип г. Зоран Алексов, Кординаторот на ВМРО – ДПМНЕ во Штип г. Трајче Димков и Кординаторот на СДСМ во Штип г. Новит Здравев, во литија, се упати кон Градскиот базен каде изврши Голем Богојавленски водосвет и го фрли светиот крст. Најсреќен од триесетината, крстот го фати Никола Чамушев, кого Митрополитот г. Иларион го дарува со златен крст со ланче и Свето Писмо – Библија, а Општината Штип му подари компјутер.