Се упокои во Господа протоерејот Васил Анчев од Виница

image

На 25. 01. 2011 година се упокои во Господа протоерејот Васил Анчев од Вница на 86 годишна возраст. Протоерејот Васил Анчев е ракоположен во свештенички чин 1964 година и е парохиски свештеник до 1988 година при храмот Св. Архангел Михаил во Виница. На 26. 01. 2011 година Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, во црквата Св. Архангел Михаил во Виница, го изврши опелото на починатиот протоереј.