Чествување на Свети Гаврил Лесновски во Лесново

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/lesnoo//

По повод Празникот на Лесновската Светиња – Свети Гаврил Лесновски, во предвечерието на празникот, на 27. 01. 2011 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Игуменот на Лесновската Обител отец Дамаскин со браќата при Лесновскиот манастир и свештеници од Пробиштип и Злетово, отслужи Празнична Вечерна Богослужба . На вечерната богослижба на Литијните стихири се изнесе иконата на Светиот Гаврил Лесновски и потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб, по што одржа пригодно слово.

Утредента на 28. 01. 2011 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со браќата од манастирот и свештеници од Пробиштип и Злетово, отслужи Света Архиерејска Литургија, одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. На Светата Литургија покрај верниот православен народ присуствуваше и Градоначалникот на Општина Пробиштип г. Тони Тоневски.