Празникот Св. Атанасиј Велики прославен во Оризари – Кочани

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/orizari//

Во кочанската приградска населба Оризари, во храмот Свети Атанасиј Велики, на 31. 01. 2011 година, посветен на овој светител, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво а во присуство на многуброен православен народ . По Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа, изврши литија околу храмот и го благослови и пресече празничниот леб.