Проштевање во Штип

image

На 06. 03. 2011 година – Прочка (Недела сиропусна; препод. Тимотеј; св. Евстасиј Антиохиски) во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа пригодно слово.Истиот ден, во истиот храм, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи вечерна богослужба, по што се изврши традиционалното проштевање и верниците побараа и добија прошка од својот пастироначалник и од свештенослужителите.