Недела на Православието во Штип

image

На 13. 03. 2011 година, Прва Недела од Великиот Пост – Недела на Православието, препод. Василиј Исповедник; препод. Касијан Римски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен и Надлежниот Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на повеќе свештеници од Брегалничката епархија и ѓаконот Антонио од Европска епархија, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија . Празнично пригодно слово одража Митрополитот Европски г. Пимен а Митрополитот Брегалнички г. Иларион Му се заблагодари на Митрополитот г. Пимен за братската љубов кон Брегалничката епархија што дојде и отслужи Света Архиерејска Литургија на денот на прославувањето на Неделата на Православието. По тој повод Митрополиттите г. Пимен и г. Иларион зедно со свештенослужителите празнично изнесоа икони и при тоа се испеја големо славословие и тропарот на Неделата на Православието а за тоа време православниот верен народ се поклонуваа и ги бакнуваа иконите во знак на победа на Православието и враќањето на Светите икони во употреба.

По завршувањето на Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, во својата резиденција на Исарот во Штип, приреди заедничка братска трпеза на љубовта.