Недела на „Св. Григорие Палама“ во Кочани

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/kocani2n//

На 20. 03. 2011 година, Втора Недела од Великите пости посветена на „Св. Григорие Палама“, св. 7 свеш. мч – ци Херсонски, препод. Павле Препрост, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Кочани, отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија. Празнична пригодна беседа произнесе Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин.