Храмова слава на црквата во Виница

image

На 21. 11. 2011 година, кога Православната црква го одбележува соборот на св. Архангел Михаил и св. Ангел Лерински, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, во црквата посветена на соборот на св. Архангел Михаил во Виница, отслужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.