Се упокои во Господа протоерејот Васил Анчев од Виница
- Детали
- Објавено: 27 Јануари 2011
- Посети: 11509
На 25. 01. 2011 година се упокои во Господа протоерејот Васил Анчев од Вница на 86 годишна возраст. Протоерејот Васил Анчев е ракоположен во свештенички чин 1964 година и е парохиски свештеник до 1988 година при храмот Св. Архангел Михаил во Виница. На 26. 01. 2011 година Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, во црквата Св. Архангел Михаил во Виница, го изврши опелото на починатиот протоереј.
Повеќе: Се упокои во Господа протоерејот Васил Анчев од Виница
На Соборот на Св. Јован Крстител во Штип
- Детали
- Објавено: 20 Јануари 2011
- Посети: 12063
На 20. 01. 2011 година на празникот на Соборот на Св. Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во крстилната – параклис посветен на Преподобната Параскева во нас. Сењак 2 во Штип, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Штип, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа содржајно пригодно слово.
Богојавление во Брегалничката епархија
- Детали
- Објавено: 19 Јануари 2011
- Посети: 11349
На 19. 01. 2011 година, денот на Крштевањето на Господ Исус Христос – Богојавление – Водици, во сите храмови во Брегалничката епархија беше свечено одбележан а централната прослава се одржа во Соборниот храм Св. Николај во Штип, каде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници при Соборниот храм, отслужи Света Архиерејска Литургија
Литургија во Лесново
- Детали
- Објавено: 16 Јануари 2011
- Посети: 11245
Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/lesnovoa// |
На 16. 01. 2011 година, 34 – та Недела по Педестница (пред. Богојавление; св. пр. Малахиј; св – мч. Гордиј; св. Геновева), во манастирот Свети Гаврил Лесновски во Лесново, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството, отслужи света архиерејска литургија.
Храмова слава на манастирот на Пониква - Кочани
- Детали
- Објавено: 14 Јануари 2011
- Посети: 11418
Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/ponik// |
Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на празникот Обрезание Господово, Св. Василиј Велики и Нова Година, на 14. 01. 2011 година, на Осоговските планини, во месноста Пониква, во манастирот посветен на Св. Василиј Велики,
21 година од блаженото упокојување на Епископот Велички и Лесновски Чудотворец Гаврил – Светогорец
- Детали
- Објавено: 12 Јануари 2011
- Посети: 10830
Во далечната 1990 година, на денешен ден (12 Јануари), петиот ден по Рождеството Христово, се пресели во многу саканото Царство Небесно Светиот Старец - епископот Велички Гаврил. Овој Свет човек додека беше во земската Црква сведочеше за Небесното Царство, за Ангелската чистота, за Христовата Спасоносна наука, од кого многумина го спознаа Богооткриеното спасоносно учење, потврдено и посведочено лично од неговиот испоснички, подвижнички и ревносен живот за Христа и Верата.