Осветен летен параклис на Св. Петка и нов светски гинисов рекорд со зготвен грав во с. Сарчиево – Штип
- Детали
- Објавено: 08 Август 2010
- Посети: 13457
На 08. 08. 2010 година, Св. препод. Мч – чка Параскева Римјанка (Св. Петка), Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан заедно со Надлежниот Архиереј на Брегалничката епархија Митрополитот г. Иларион, а во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници на МПЦ, го освети летниот параклис посветен на Св. Петка, при манастирскиот комлекс во с. Сарчиево, чиј што ктитор е бизнисменот г. Стојан Давчев со семејството родум од с. Сарчиево.
Илинден во Македонска Каменица
- Детали
- Објавено: 03 Август 2010
- Посети: 12467
Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/ilinden// |
На 02. 08. 2010 година на црковно националниот празник Св. пр. Илија – Илинден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во храмот поветен на овој светител, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од делчевското и кочанското архиерејско намесништво, отсужи света архиерејска литургија.
Литургија во Лесново
- Детали
- Објавено: 03 Август 2010
- Посети: 11826
Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/lesno// |
На 01. 08. 2010 година, десета Недела по Педестница (Препод. Макрина, преп. Диј), во манастирот Свети Гаврил Лесновски во Лесново, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството, отслужи света архиерејска литургија. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодна беседа.
Литургија на Св. Марина во Марена, метох на Лесновскиот манастир
- Детали
- Објавено: 03 Август 2010
- Посети: 11509
Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/marina// |
На 30. 07. 2010 година на Празникот Св. вмч – чка Марина (Огнена Марија), во манастирот посветен на Животворниот Извор на Пресвета Богородица, кој манастир се наоѓа во месноста Марена – Злетово и метох на Лесновскиот манастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството, отсужи света архиерејска литургија. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.
Повеќе: Литургија на Св. Марина во Марена, метох на Лесновскиот манастир
Чествување на Светитот апостол Павле, Заштитник и Патрон на Виница, одликување во ставрофорско достоинство и освет на параклис
- Детали
- Објавено: 13 Јули 2010
- Посети: 12621
На 13. 07. 2010 година на празникот на Собор на 12 – те Апостоли - Павловден, во храмот Св. Архангел Михаил во Виница, Митрополитот Повардарски г. Агатангел заедно со Митрополитот Европски г. Пимен и Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката и Европската епархија, отслужи света архиерјска литургија.
Вечерна и Духовна Академија во Виница на Празникот и Заштитникот на на Градот Св. ап. Павле – Собор на 12 – те Апостоли
- Детали
- Објавено: 13 Јули 2010
- Посети: 11861
По повод Празникот и Заштитникот на Градот Виница Свети Апостол Павле – Собор на 12 – те Апостоли и оваа година, Советот на Општина Виница, изготви посебна програма за одбележување на денот на градот.
На 12. 07. 2010 година, се отпочна со празнување на вечерна богослужба, во храмот Св. Архангел Михаил во Виница, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во солужение на свештеници од брегалничката епархија, а во прекрасното источно пеење на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството.