Чествување на Светитот апостол Петар, Заштитник и Патрон на Кочани и одликување во ставрофорско достоинство
- Детали
- Објавено: 12 Јули 2010
- Посети: 11850
Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/petrovden// |
На 12. 07. 2010 година на празникот на Светите апостоли Петар и Павле, во храмот Св. вмч Ѓорѓи во Кочани, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи света архиерјска литургија.
Вечерна и Духовна Академија во Кочани на Празникот и Заштитникот на на Градот Св. ап. Петар
- Детали
- Објавено: 11 Јули 2010
- Посети: 10750
По предлог на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, оваа година, Советот на Општина Кочани, Свети апостол Петар и офецијално го прогласи за Заштитник на Градот и беше изготвена посебна програма за одбележување на денот на градот.
На 11. 07. 2010 година, се отпочна со празнување на вечерна богослужба, во храмот Св. вмч. Ѓорѓи во Кочани, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во солужение на свештеници од брегалничката епархија, а во прекрасното источно пеење на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството.
Повеќе: Вечерна и Духовна Академија во Кочани на Празникот и Заштитникот на на Градот Св. ап. Петар
Војници од штипскиот гарнизон „Јане Сандански“ во Авганистан
- Детали
- Објавено: 09 Јули 2010
- Посети: 10961
Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/arm// |
На 09. 07. 2010 година, во касарната „Јане Сандански“ во Штип, се одржа пригодна свеченост по повод упатувањето на контингент на војници од Првата механизирана пешадиска бригада во мировна мисија во Авганистан.
На свеченото испраќање присуствуваа и со пригодни поздрави се обратија Претседателот на Р. Македонија - г. Ѓорѓе Иванов, Министерот за одбрана г. Зоран Коњановски, Началникот на генералштабот на Р. Македонија – генерал Мирослав Стојановски, Заменик министер за одбрана г. Емил Димитриевски, бригадниот генерал Димче Петковски, Градоначалници во Брегалничката епархија и други јавни и приватни личности.
На свеченоста, по покана од бригадниот генерал, присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, кој ги благослови мировниците и им посака успешен престој.
Повеќе: Војници од штипскиот гарнизон „Јане Сандански“ во Авганистан
Литургија во Штип
- Детали
- Објавено: 07 Јули 2010
- Посети: 11731
Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/ivanden// |
На 07. 07. 2010 година, Раѓање на Свети Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи Света Архиерејска Литургија во Соборниот храм Св. Николај во Штип, во сослужение на парохиските свештеници при храмот, по што и одржа пригодна беседа.
Ракополагање во свештеномонашки чин во Лесново
- Детали
- Објавено: 04 Јули 2010
- Посети: 11199
На 04. 07. 2010 година, Шеста Недела по Педесетница, Св. мч. Јулијан Тарсиски, св. свешт-мч. Терентиј Икониски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновската обител отец Дамаскин со братството и свештеници од кочанското и делчевското архиерејско намесништво, во манастирот Свети Гаврил Лесновски во Лесново, отслужи света архиерејска литургија на која ероѓаконот Спиридон го ракоположи во свештеномонашки чин и одржа пригодна беседа за возвишеноста на свештеничкиот чин.
Ракополагање во ероѓаконски чин во Лесновската Обител
- Детали
- Објавено: 03 Јули 2010
- Посети: 11086
На 03. 07. 2010 година, Преп. Наум Охридски Чудотворец, св. свешт-мч. Методиј Патарски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновската обител отец Дамаскин, свештеници од штипското архиерејско намесништво и свештеникот Климент Мишањ - Р. Италија, во манастирот Свети Гаврил Лесновски во Лесново, отслужи света архиерејска литургија. Пред светата литургија Митрополитот г. Иларион, монахот Спиридон, го произведе во чтец и ипоѓаконски чин а на светата литургија го ракоположи во ероѓаконски чин. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.
Повеќе: Ракополагање во ероѓаконски чин во Лесновската Обител