Оплакување Христово – Велики Петок
- Детали
- Објавено: 02 Април 2010
- Посети: 12249
Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/petok// |
На 02. 04. 2010 година, Велики Петок, во 18 – часот, во Соборниот храм Свети Николај во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи бдение со пеење на статиите (Оплакување Христово) и се изнесе светата Плаштаница околу храмот, а на крајот од службата Митрополитот г. Иларион произнесе пригодно слово.
Велики Петок – Царски часови со Вечерна
- Детали
- Објавено: 02 Април 2010
- Посети: 12515
Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/velikip// |
На 02. 04. 2010 година, Велики Петок, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на штипските парохиски свештеници, во Соборниот храм Св. Николај во Штип ги отслужи царските часови, Вечерната, Го симна Телото на Господ Исус Христос од светиот Крст и ја изнесе светата Плаштаница и ја постави во гробот.
Велики Четврток во Штип
- Детали
- Објавено: 01 Април 2010
- Посети: 12373
Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/cetvrtok// |
Во Соборниот храм Свети Николај во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи бдение со читање на 12 – те страдални Евангелија. По петото евангелие, Митрополитот г. Иларион, го изнесе светото Распјатие, пред кое сите се поклонија и на крајот од службата Митрополитот произнесе пригодно слово.
Литургија на претходно осветени дарови на Велика Среда во Штип
- Детали
- Објавено: 31 Март 2010
- Посети: 12508
Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/prezdeosvestena// |
На 31. 03. 2010 година, Велика Среда, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штип, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, отслужи литургија на претходно осветени дарови.
Повеќе: Литургија на претходно осветени дарови на Велика Среда во Штип
Цветници во Виница
- Детали
- Објавено: 28 Март 2010
- Посети: 11542
Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/cvetnici// |
На 28. 03. 2010 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, отслужи Света Архиерејска Златоустова Литургија во храмот Св. Архангел Михаил во Виница, во присуство на многуброен верен народ и во сослужение на свештеници од кочанското и делчевското архиерејско намесништво. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, произнесе празнично пригодно слово.
Концерт на Духовна музика во Кочани
- Детали
- Објавено: 27 Март 2010
- Посети: 11667
На 27. 03. 2010 година (Лазарева Сабота), со Благослов на Надлежниот Татко, Неговото Високопреосвештенство Митополитот Брегалнички г. Иларион, се одража Концерт на Духовна музика во салата на Правниот Факултет во Кочани. Концертот го организираше Црковното Настојателство при храмот Св. Вмч. Ѓорѓи во Кочани и Основното Музичко Училиште Ристо Јуруков во Кочани, а настап имаше хорот при храмот Св. Вмч. Ѓорѓи во Кочани и хорот при Основното Музичко Училиште Ристо Јуруков во Кочани. На концертот покрај многубројниот народ присуствуваше Надлежниот Митрополит г. Иларион, Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од кочанското архиерејско намесништво.