Освет камен - темелник за изградба Индустриска слободна зона и спортска сала во Штип
- Детали
- Објавено: 27 Март 2010
- Посети: 11430
На 27. 03. 2010 година (Лазарева Сабота), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Иларион, во присуство на Премиерот на Владата на Р. Македонија г. Никола Груевски, Министри и Заменици Министри при Владата на Р. М, Пратеници при Собранието на Р. М, Директори на Агенци и Дирекции при Владата на Р. М, Градоначалникот на Општина Штип г. Зоран Алексков, Ректорот на Универзитетот Гоце Делчев во Штип г. Саша Митрев, како и други Јавни личности и граѓани на Општина Штип, освети и постави камен – темелник за изградба на инфраструктура на Технолошка индустриска развојна зона во Штип, а потоа ја освети и ново - изградената сала Јордан Мијалков во нас. Сењак во Штип, изградена од Владата на Р. М а за потребите на Универзитетот Гоце Делчев во Штип, каде и одржа кратка беседа.
Повеќе: Освет камен - темелник за изградба Индустриска слободна зона и спортска сала во Штип
Литургија во Лесново
- Детали
- Родителска категорија: Литургии
- Објавено: 23 Март 2010
- Посети: 194311
Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/lesnovo// |
На 21. 03. 2010 година, Недела 5 – та на Великите пости, посветена на св. Марија Египетска, Препод. Теофилакт епископ Никомидиски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отсужи Света Василијева Литургија во манастирот Св. Гаврил Лесновски во Лесново, во сослужение на Игуменот на манастирот отец Дамаскин со братството.
Акатист во Штип
- Детали
- Родителска категорија: Литургии
- Објавено: 19 Март 2010
- Посети: 190702
Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/akatis// |
Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во Петата недела од Великиот пост, на 19. 03. 2010 година, во Соборниот храм Свети Николај во Штип, богослужеше мало повечерие со канон и акатист на Пресвета Богородица, во сослужение на свештеници од штипското архиерејско намесништво. На крајот, Митрополитот г. Иларион, кон присутните верници , произнесе пригодна беседа.
Крстопоклона Недела во Радовиш
- Детали
- Родителска категорија: Литургии
- Објавено: 08 Март 2010
- Посети: 99666
На 07. 03. 2010 година, трета Недела од Великиот пост – Крстопоклона, св. мч – ци во Евгенија, св. Папиј Ераполски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларон, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, во црквата посветена на Свети пророк Илија во Радовиш, отслужи Света Архиерејска Василијева Литургија.
Недела на Свети Григориј Палама во Кочани
- Детали
- Родителска категорија: Литургии
- Објавено: 28 Февруари 2010
- Посети: 69680
На 28. 02. 2010 година, Втора Недела од Великите пости посветена на Свети Григориj Палама, св. Онисим, преп. Пафнутиј и Ефросина, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, во црквата Св. Ѓорѓи во Кочани, отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија и произнесе пригодна беседа.
Акатист во Штип
- Детали
- Родителска категорија: Литургии
- Објавено: 26 Февруари 2010
- Посети: 56556
На 26. 02. 2010 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во Втората недела од Великиот пост, во Соборниот храм Свети Николај во Штип, богослужеше мало повечерие со канон и акатист на Пресвета Богородица, по што и одража пригодно слово.