Недела 2-ра на Воскресение (Томина Недела)
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 01 Мај 2022
- Посети: 354
Недела 2-ра на Воскресение - Томина Недела во Македонска Каменица
На 01.05.2022 година, Недела 2-ра на Воскресение - Томина Недела, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Воскресна Архиерејска Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица, на Литургијата верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова, а Митрополитот одржа содржајна беседа. По литургијата Митрополитот Брегалнички г. Иларион
Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 30 Април 2022
- Посети: 356
Литургија во Струмица и литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница
На 30.04.2022 година, Сабота од Светлата Седмица, св. свешт-мч. Кипријан Слепченски, св. свешт-мч. Симеон, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на Епископот Стобиски г. Јаков и свештенослужители од Струмичката и Брегалничката Епархија, отслужија Света Воскресна Архиерејска Литургија во храмот „Св. Димитриј и Св. Григориј Палама“ во Струмица, а по Литургијата тргна свечената литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница и мошти од Св. Гаврил Велички, Св. Василиј Велики и Св. Првомаченик Стефан,
Повеќе: Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница
Источен Петок - Балаклија
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 29 Април 2022
- Посети: 351
На Источен Петок - Балаклија во Марена, метох на Лесновскиот манастир
На 29.04.2022 година во манастирот посветен на Животворниот извор на Пресвета Богородица - Источен Петок - Балаклија, во месноста Марена - Златово, метох на Лесновскиот манастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Воскресна Архиерејска Литургија.
Освет на камен-темелник во Македонска Каменица
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 26 Април 2022
- Посети: 338
Освет на камен-темелник во Македонска Каменица
На 26.04.2022 година Воскресение Христово - Трет ден Велигден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, изврши освет на камен-темелник за изградба на нов производствен погон на фирмата „Го Пласт Караман“ во Македонска Каменица, во сопственост на г. Горан Митевски од Македонска Каменица.
Воскресение Христово - Трет ден Велигден
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 26 Април 2022
- Посети: 322
Воскресение Христово - Трет ден Велигден во Радовиш
На 26.04.2022 година Воскресение Христово - Трет ден Велигден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Воскресна Архиерејска Литургија, во храмот „Св. Троица“ во Радовиш, на почетокот од Литургијата свештенството од Радовиш со Црковните настојатели му подарија Митра на надлежниот Митрополит г. Иларион, како благодарност за неговата татковска грижа за доверената му паства. На Литургијата беше прочитано и Велигденското послание од Архиепископот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан.
Воскресение Христово - Втор ден Велигден
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 25 Април 2022
- Посети: 324
Воскресение Христово - Втор ден Велигден во Кочани
На 25.04.2022 година Воскресение Христово - Втор ден Велигден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Воскресна Архиерејска Литургија, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани, и беше прочитано Велигденското послание од Архиепископот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан.