Литургија и освет на крстилна во М. Каменица
- Детали
- Објавено: 11 Април 2011
- Посети: 14741
На 10. 04. 2011 година, 5 – та Недела на В. П. посветена на св. Марија Египетска, препод. Петар Мегленски, св. Иларион Исповедник, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во црквата „Успение на Пресв. Богородица“ во М. Каменица, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Василијева Архиерејска Литургија
. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодно и ја освети новата, целосно фрескоживописана, крстилна во камбанаријата при црквата во М. Каменица. На свечениот ручек, Градоначалникот на Општина на М. Каменица г. Дарко Митевски на Митрополитот Брегалнички г. Иларион Му врачи Благодарница за целосната подршка и соработка помеѓу Епархијата и Општината.
Акатис во Штип
- Детали
- Објавено: 08 Април 2011
- Посети: 16343
Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/akatis// |
Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во Петата недела од Великиот пост, на 08. 04. 2011 година, во Соборниот храм „Свети Николај“ во Штип, богослужеше мало повечерие со канон и акатис на Пресвета Богородица, во сослужение на свештеници од штипското архиерејско намесништво. На крајот, Митрополитот г. Иларион, кон присутните верници , произнесе пригодна беседа.
Благoвештение во Ново Село - Штип
- Детали
- Објавено: 07 Април 2011
- Посети: 13751
На 07. 04. 2011 година – Свето Благовештение, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Штипско Ново Село, во сослужение на свештеници од Штип, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа пригодна беседа.
Литургија во Лесново
- Детали
- Објавено: 05 Април 2011
- Посети: 11510
На 03. 04. 2011 година, 4 – та Недела од Великиот Пост посветена на „Св. Јован Лествичник“; препод. Јаков Исповедник; св. Кирил еп. Катански, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството, во манастирот „Св. Гаврил Лесновски“ во Лесново, отслужи Света Василииева Архиерејска Литургија.
Камен – темелник за изградба на нов Плоштад во М. Каменица
- Детали
- Објавено: 01 Април 2011
- Посети: 11838
На 31. 03. 2011 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на Претседателот на Р. Македонија г. Ѓорѓе Иванов, Градоначалникот на Општина М. Каменица г. Дарко Митевски, Членови на Собранието на Р. Македонија, Министри при Владата на Р. Македонија, Амбасадори во Р. Македонија, Личности од Јавниот и Приватниот сектор и многуброен народ, освети и постави камен – темелник за изградба на нов Плоштад во М. Каменица и одржа пригодно слово.
Повеќе: Камен – темелник за изградба на нов Плоштад во М. Каменица
Седница на ЕУО на Брегалничката епархија
- Детали
- Објавено: 29 Март 2011
- Посети: 11241
На 29. 03. 2011 година, во седиштето на Брегалничката епархија во Штип, се одржа редовна седница на Епархискиот Управен Одбор на Брегалничката епархија, со која претседаваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион.На редовната седница се разговараше за црковно – духовниот живот и материјално – финансовото работење на епархијата.