Света Архиерејска Литургија по повод празникот Покров на Пресвета Богородица
На 14.10.2023 година, кога Светата Православна Црква го празнува празникот Покров на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Архиерејска Божествена Литургија во храмот “Покров на Пресвета Богородица” во Ново Село, Штип. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.

