Сослужување во Осечкополската и барањска Епархија, СПЦ
На 21.10.2023 година, кога Осечкополската и барањска Епархија ја прославува својата слава, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, на покана од Надлежниот Архиереј, Осечкополскиот и барањски Епископ г. Херувим од СПЦ, сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија, на која сослужуваа Надлежниот Епархиски Архиереј Епископот Осечкополски и барањски г. Херувим, Епископот Горнокарловачки г. Герасим, Епископот Далматински г. Никодим, Епископот Шабачки г. Јеротеј, Епископот Мохачки г. Дамаскин и свештенослужители од СПЦ, во храмот “Слегување на Светиот Дух врз Апостолите” во градот Винковци. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб. На многаја лета!

