На двегодишнината од осветувањето на храмот “Св. Лидија Македонска” отслужена Света Архиерејска Литургија
На 09.10.2023 година, упок. на св. ап. и ев. Јован Богослов, преп. Нил Калабриски; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Епископот Врањски г. Пахомиј од СПЦ, кој чиноначалствуваше на Светата Литургија, Епископот Дремвитски г. Давид и свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужија Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. Лидија Македонска” во Свети Николе. Содржајна беседа одржа Епископот г. Давид, а по Божествената Литургија, Архиереите го благословија и пресекоа празничниот леб. Воедно беше посетен и храмот “Св. Николај“ во Св. Николе, каде се наоѓа и стариот храм посветен на “Св. Прохор Пчински“ и во таа прилика Епископот г. Пахомиј подари икона со ликот на светиот Прохор Пчински. На многаја и благаја лета!

