Осветување на обновениот храм “Св. Троица” во с. Нивичани, кочанско
На 08.10.2023 година, Недела 18-та по Педесетница, преп. Ефросинија, преп. Сергиј Радонешки; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши освет на обновениот храм посветен на “Св. Троица” во с. Нивичани, кочанско. По осветувањето, Митрополитот г. Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, а на крајот од Литургијата одржа содржајна беседа. Нека е честито и од Бога благословено!

