Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден во Радовиш
На 27.09.2023 година, кога Светата Православна Црква го чествува празникот Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Божествена Архиерејска Литургија во храмот “Св. Пророк Илија” во Радовиш. Пред почетокот на Светата Литургија Митрополитот го изврши чинот на изнесување на Чесниот Крст и го постави на средината од храмот на поклонение, каде што најнапред Митрополитот г. Иларион се поклони на Чесниот Крст, а потоа се поклонија свештенослужителите и верниот народ. На многаја лета!!!

