Работна средба по повод изградба на Митрополија во Штип
На 26.09.2023 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион оствари работна средба со градоначалникот на општина Штип г. Иван Јорданов и други видни личности од градот Штип, на која се разговараше за изградба на Митрополија на Брегалничката Православна Епархија.

