Прославен празникот Рождество на Пресвета Богородица во фирмата „Ледер“ во Кочани
На 21.09.2023 година, кога Светата Православна Црква го празнува Рождеството на Пресвета Богородица – Мала Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион го благослови и пресече празничниот леб при параклисот “Рождество на Пресвета Богородица” кој се наоѓа во дворот на фирмата „Ледер“, која е во сопственост на господинот Драгослав Здравков – Ледер од Кочани.

