На Рождество на Пресвета Богородица во Ново Село, Штип
На 21.09.2023 година, кога Светата Православна Црква го празнува Рождеството на Пресвета Богородица – Мала Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Божествена Литургија во храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Ново Село, Штип. За време на Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион го произведе свештеникот Добрица Јанев од Штип во чин протоереј, а на крајот од Литургијата Митрополитот одржа содржајна беседа.

