За празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител во с. Горни Подлог, кочанско
На 11.09.2023 година кога Светата Православна Црква го прославува празникот Отсекување на главата на Светиот Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Божествена Архиерејска Литургија во храмот “Отсекување на главата на Свети Јован Крстител” во с. Горни Подлог, кочанско. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа, го благослови празничниот леб и изврши мал водосвет.

