Празнична Вечерна Богослужба во с. Лески, виничко
На 10.09.2023 година во навечерието на празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична Вечерна Богослужба во храмот “Отсекување на главата на Св. Јован Крстител” во с. Лески, виничко. На крајот од Вечерната, Митрополитот го благослови и пресече петолебието и одржа содржајна беседа.

