Прославен празникот на Светиот маченик Фануриј во Штип
На 09.09.2023 година кога го чествуваме споменот на преп. Пимен Велики и св. мч. Фануриј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во соборниот храм „Св. Николај“ во Штип. На крајот од Божествената Литургија Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа и изврши помен за мајката на светиот маченик Фануриј.

