Успение на Пресвета Богородица – Света Архиерејска Литургија во Пробиштип
На 28.08.2023 година кога Светата Православна Црква прави спомен на Успението на Пресвета Богородица – Голема Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Пробиштип. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб. На многаја лета!!!

