Успение на Пресвета Богородица – Празнична Вечерна во Ново Село, Штип
На 27.08.2023 година во навечерието на големиот празник посветен на Успението на Мајката Божја – Голема Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, отслужи Празнична Вечерна Богослужба во храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Ново Село, Штип. На Вечерната Богослужба беше изнесена Плаштаницата на Успението и беше поставена на средината од храмот. Овде Митрополитот г. Иларион, го благослови и пресече петолебието, а потоа се испеаја Статиите на Успението на Пресвета Богородица и се направи Литија со Плаштаницата. На крајот од Вечерната, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа.

