Прославен празникот на светата Параскева (Петка) Римјанка во Штип
На 08.08.2023 година, кога го прославуваме споменот на светата маченичка Параскева (Петка) Римјанка, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. Климент и Св. Петка” во нас. Сењак – Штип. За време на Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион го ракоположи во свештенички чин ѓаконот Софрониј Ивановиќ од Штип. На крајот од Литургијата, Митрополитот одржа содржајна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.

