Празнична Вечерна Богослужба во манастирот “Св. вмч. Пантелејмон” – с. Пантелеј, кочанско
На 08.08.2023 година, во навечерието на празникот посветен на светиот великомаченик Пантелејмон и на светите Седмочисленици, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична Вечерна Богослужба во манастирот посветен на “Св. вмч. Пантелејмон” во с. Пантелеј, кочанско. На крајот од Празничната Вечерна, Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече петолебието и одржа содржајна беседа.

