Недела 8-ма по Педесетница, Освет на нов храм во с. Блатец, виничко
На 30.07.2023 година, Недела 8-ма по Педесетница, св. вмч-чка Марина; преп. Леонид, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши освет на новоизградениот храм посветен на “Рождество на Пресвета Богородица” во с. Блатец, виничко, а потоа отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб. Нека е честито и од Бога благословено!

