Света Архиерејска Литургија во манастирот Св. Спиридон во Злетово, метох на Лесновскиот Манастир
На 21.07.2023 година, кога се прославува споменот на светиот великомаченик Прокопиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во манастирот “Св. Спиридон Чудотворец” во Злетово, метох на Лесновскиот Манастир. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.

