Света Архиерејска Литургија во Михаловци, Словачка
На 05.07.2023 година, по повод споменот на четворицата епархиски патрони на Михаловско-кошичката Православна Епархија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, по покана на Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Михаловско-кошички г. Георгиј, од Православната Црква на Чешките земји и Словачка, отслужија Света Архиерејска Литургија во соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Михаловци, Словачка. Пред почетокот на Светата Литургија Митрополитот г. Иларион, со Благослов од надлежниот Архиереј г. Георгиј, го произведе во чин чтец теологот Јозеф Белушак, а потоа го произведе и во чин ипоѓакон. На крајот од литургијата се благослови коливото и се пресече празничниот колач. На многаја и благаја лета!

