Посета на Будимската Православна Епархија, Будимпешта – Унгарија
На 05.07.2023 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион ја посети Будимската Православна Епархија при Српската Православна Црква, каде што срдечно беше пречекан од надлежниот Епархиски Архиереј, Неговото Преосвештенство Епископот Будимски г. Лукијан, во храмот на „Св. вмч. Георгиј“ во Будимпешта, Унгарија.

