Света Архиерејска Литургија на годишнината од доделувањето на Томосот за Автокефалност на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија
На 05.06.2023 година, на празникот на Светиот Дух, се отслужи Светата Архиерејска Литургија во Соборниот храм „Света Софија“ во Охрид, по повод годишнината од доделувањето на Томосот за Автокефалност на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на која чиноначалствуваше Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј, а во сослужение со: Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан; со Нивните Високипреосвештенства, Митрополитите: Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Преспанско-пелагониски г. Петар, Брегалнички г. Иларион и Кумановско-осоговски г. Григориј; и со Нивните Преосвештенства, Епископите: Дељадровско-илинденски г. Јоаким, Нишки г. Арсениј, Марчански г. Сава и Топлички г. Петар и свештенослужители од двете сестрински Цркви. На крајот, од Божествената Литургија, Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, го одликуваше Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј со Светиклиментов орден од I ред за неговите посебни заслуги и за покажаната братска љубов кон Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. На многаја лета!!!

