Слегување на Светиот Дух врз Апостолите – Педесетница, во Радовиш
На 04.06.2023 година Слегување на Светиот Дух врз Апостолите – Педесетница, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Радовишкото Архиерејско Намесништво во храмот “Света Троица” во Радовиш. За време на Светата Литургија протоерејот Златко Пуреовски од Радовиш беше произведен во чин протоереј-ставрофор, односно со право на носење на Граден Крст, по одлука на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а по предлог на надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа, а по Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион отслужи и Вечерна богослужба на која беа прочитани Духовденските молитви.

