Оддание на Пасха и празникот на светите браќа Методиј и Кирил прославен во Делчево
На 24.05.2023 година, Оддание на Пасха и кога Светата Православна Црква го чествува споменот на светите браќа и сесловенски просветители Методиј и Кирил, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија во храмот посветен на “Св. Наум Охридски” во Делчево. На крајот од Божествената Литургија Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа, а потоа се изврши литија со иконата на светите браќа Методиј и Кирил до местото каде што во минатото имало храм посветен на светите браќа, но во 1961 година бил разрушен, а денес на истото место има изградено параклис посветен на „Св. Климент Охридски“, каде што Митрополитот го благослови и пресече празничниот леб.

