Осветен споменикот на светите браќа Методиј и Кирил во Штип
На 24.05.2023 година, кога се чествува споменот на светите браќа и сесловенски просветители Методиј и Кирил, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши освет на новопоставениот споменик на светите браќа и сесловенски просветители Методиј и Кирил, во сослужение на свештенослужители од Штипското Архиерејско намесништво. Споменикот е поставен на кружниот тек пред Соборниот храм “Св. Николај” во Штип, токму на местото каде што во минатото имало училиште кое го носело нивното име.

