Осветување на Крстови за купола
На 16.05.2023 година, св. мч-ци Тимотеј и Мавра; преп. Теодосиј Киевопечерски, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Надлежниот Архиереј, Митрополитот Брегалнички господин Иларион и свештенослужители на МПЦ – ОА, а во присуство на многуброен Православен народ, го изврши чинот освет на Крстови за купола на храмот во изградба посветен на “Св. Кирил и Методиј” во с. Блатец, виничко.

