Недела 5-та на Воскресение (Недела на Самарјанката), Освет на нов храм
На 14.05.2023 година, Недела 5-та на Воскресение (Недела на Самарјанката), св. пр. Еремиј; преп. мч. Акакиј Серски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши освет на новоизградениот храм посветен на “Светиот пророк Илија ” во м.в. Старо село, во с. Немањици, светиниколско, а потоа отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа, и го благослови и пресече празничниот леб. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!! – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!!!

