Чествување на Светиот Великомаченик Георгиј и храмова слава во Кочани
На 06.05.2023 година, кога Светата Православна Црква го прославува споменот на Светиот Великомаченик и Победоносец Георгиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот “Св. вмч. Георгиј” во Кочани. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!! НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!!!

