Празнична Вечерна Богослужба во Манастирот “Св. вмч. Георгиј” с. Ораовица
На 05.05.2023 година, во навечерието кога Светата Православна Црква го прославува споменот на Светиот Великомаченик и Победоносец Георгиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична Вечерна Богослужба, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во манастирот “Св. вмч. Георгиј” во с. Ораовица, радовишко. На крајот од Вечерната, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието и одржа содржајна беседа. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!! НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!!!

